Ја воодушеви Америка! Еден од најдобрите спортисти на сите времиња понуди помош на семејството на Џорџ Флојд

2 јуни, 20200
kgkjbkbl

Флојд Мејведер ја воодушеви Американската јавност со својот потег.

Непоразениот шампион во пет категории изјави дека ќе го плати погребот на афроамериканецот кој беше убиен од полицијата во Минеаполис.

Веќе неколку дена владее хаос во Америка по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата. Тој беше убиен така што скоро десет минути полицаецот му го држел приклештен вратот додека беспомошен лежел на земјата.

Полицаецот не го ослободил иако Флојд упорно повторувал дека не може да дише.

Многу јавни личности, спортисти пред се, ги поддржаа протестите и застанаа на страната на убиениот Флојд и луѓето кои бараат правда.

Некогашниот американски боксер отиде чекор понатаму, контактирајќи со семејството и нудејќи да ги плати сите трошоци за погребот и во иднина да му помага на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *