Каква ВОЈСКА наоружана до заби се “шета” низ САД? Дали е Трамп спремен за конечниот “двобој” со длабоката држава? (Видео)

4 јуни, 20200
војска

Жителите на Вашингтон стануваат се повеќе нервозни поради ненадејното присуство на припадниците на безбедносните сили без обележја, кои не сакаат да бидат идентификувани по барање на граѓаните и новинарите и кои се распоредени на улиците на главниот град на САД, додека протестите продолжуваат.

Видео снимки и фотографии од мистериозни и тешко вооружени припадници на безбедносните сили со денови кружат на социјалните мрежи, при што многумина кои ги сретнале велат дека одбиваат да кажат за која државна агенција работат.

Анонимноста на припадниците на безбедносните сили ги натера некои да мислат дека тие изгледаат како вооружени „платеници“, а не како вработени во владата. Жител на Вашингтон на Твитер изјави дека главниот град на земјата се чувствува како „под некаков вид воена окупација“.

Видео објавено денес ги прикажува гигантските мажи без никаква идентификација кои стојат покрај Белата куќа. „Одбиваат да се идентификуваат“, велли твитерџијата кој го објави видеото.

Некои од нив се идентификувале како „оддел за правда“, како што објавуваат некои странски медиуми.

Се испостави дека барем некои од нив биле затворски полицајци испратени од Федералното биро за затворска служба по барање на генералниот обвинител Вилијам Бар, пренесува NBC. Во соопштението се вели дека полицајците не биле обележани затоа што „служат поширока мисија“.

Демонстрантите кои протестираат против полициската бруталност се загрижени дека некој од припадниците на безбедносните сили е можно да повреди некого или да изврши кривично дело при патролирање на главниот град, во овој случај нема да постои начин да се идентификуваат.

Се чини дека Вашингтон не е единственото место каде што припадниците на безбедносните сили се појавија без обележја. Многу корисници на Твитер известуваат за неидентификувани безбедносни сили кои протестираат во Филаделфија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi