Кинезите прават копија на Менхетен, а проектот го прави една супер моќна компанија: еве како ќе изгледа “градот сунѓер”!

23 јуни, 2020
kinezi

Кинеската интернет компанија“Tencent” на површина од преку илјада квадратни километри ќе изгради копија на Њујоршкиот Менхетен, кој ќе биде идниот кампус за неговите вработени.

Изградбата на комплексот со деловни, станбени простории, училишта, малопродажни објекти, паркови и зелени површини на покривите, треба да започне оваа година и да трае седум години.

Проектот го потпишува архитектското студио NBBJ, кое проектирало и за Гугл, Самсунг и Амазон.

Тоа ќе биде град во кој вработените ќе живеат, ќе работат и ќе се забавуваат.Инфраструктурата треба да овозможи ускладување на службениот и приватниот живот на вработените во компанијата “Tencent”.

Проектот им дава предност на пешаците, велосипедистите и патниците со јавен сообраќај во однос на сопствениците на моторни возила.

Пандемијата со коронавирус и економскиот пад претставуваат опасност за овие мегаломански проекти ширум целиот свет, но можно е да порасне побарувачката за изградба на модерни градови за да се поттикне економијата, имајќи предвид дека цената на земјиштето во овој период е релативно ниска.