Ќеркичката на Џорџ Флојд не ја знае целата вистина, но во едно е сигурна – ”Тато го промени светот”

4 јуни, 2020
imageedit_119_2557107065

Девојчето вели дека и недостасува татко ѝ и дека тој постојано си играл со неа.

Шестгодишната ќерка на убиениот афроамериканец Џорџ Флојд сеуште не знае дека нејзиниот татко е убиен од полицијата но кажано ѝ е дека тој го променил светот. Џиана и нејзината мајка Рокси Вашингтон се појавија во емисијата ”Добро утро Америка”. Џиана изјави дека кога ќе порасне сака да биде лекар и да се грижи за другите.

Ми недостасува… играше со мене, рече девојчето.

Рокси наведе дека Џорџ ја сакал својата ќерка. Исто така рече дека видела само дел од  снимката на апсењето на Флојд при кое полицаецот Дејвид Шовин клекна на неговиот врат. “Не можев да верувам дека некој тоа му го прави, посакував да сум таму да можам да му помогнам. “ – рече таа. Таа откри и дека нејзината ќерка не ја знае целата приказна за смртта на нејзиниот татко. “Ѝ реков дека нејзинот татко почина затоа што не можеше да дише. “ – додаде таа. На едно видео кое се појави се гледа како девојчето е качено на рамениците на нејзиниот вујко и ги гледа мирните протести во Минеаполис. На видеото таа вели: “Тато го промени светот“.

Убиството на Џорџ Флојд при неговото апсење иницираше протести ширум Америка. Четворицата полицајци инволвирани во апсењето се обвинети за убиство.