Кои први 5 промени ќе се случат во светот на туризмот? Епа корона де :(

3 април, 20200
avion

Поради пандемијата на коронавирусот поголемиот дел од светот е затворен дома, а движењето е крајно ограничено. Во оваа ситуација, многу е тешко да се замисли да одите на патување, но експертите предвидуваат дека туристичкиот сектор ќе се опорави по пандемијата, како и по сите други кризи со кои се соочивме, пишува Си-Ен-Ен Травел.

„Луѓето сепак ќе сакаат да патуваат, но ќе бидат повнимателни во нивното одлучување“, кажа Адам Блејк, професор по економија на Катедрата за туризам и угостителство на универзитетот „Борнмут“ во Велика Британија.

Иако е тешко во овој момент да се процени кога ризикот од коронавирус ќе исчезне, експертите се согласуваат дека ќе бидат потребни посебни напори и на луѓето ќе им понудат дополнителни стимулации за патување по пандемијата…

Еве што предвидуваат светските експерти за тоа што ќе се случи во туристичкиот сектор:

1. Чистотата ќе биде многу важна

Чистотата на сместувањето и превозните средства отсекогаш била важна, а тоа дополнително ќе се потенцира по пандемијата на коронавирус.

„Секој – без разлика дали станува збор за крузер, приватен земјопоседник или хотел, ќе треба да го сменат начинот на кој ги следат и чистат местата каде што остануваат поединците, но и начинот на кој тие информации ги соопштуваат на гостинот за да го зголемат нивото на удобност“, вели професорот Кристофер Андерсон во Корнел Университи Хотел Скул во Итака, Њујорк.

Мора да се воведат нови видливи мерки за да им се укаже на гостите дека се загрижени за нивното здравје. Овие нови мерки може да вклучуваат сè, од сеприсутната достапност на средства за дезинфекција на рацете до често дезинфицирани на места за гости од хотелот или други услуги.

2. Патниците да може да се чувствуваат посигурни во хотелите

Ако приватните изнајмувачи не успеат правилно да комуницираат сè што прават кога станува збор за чистење и безбедноста на гостите во нивните станови и домови, патниците би можеле да дадат приоритет на хотелското сместување. Хотелите имаат стандардни протоколи за расчистување кои се видливи за гостите и кои му даваат доверба на клиентот.

3. Цените на хотелското сместување ќе паднат

Цените на хотелските соби во Соединетите Американски Држави се намалија за 30 проценти во последната недела од март годинава. „Цените ќе се намалат уште повеќе пред да се вратат назад“, вели аналитичарот Јан Фрајтаг од „Лоџинг Инсајтс“ за СТР Глобал.

4. Цените за крстарење ќе се намалат

Експертите за туризам предвидуваат и дека цените на крстарењето ќе паднат и главниот предизвик ќе биде привлекувањето нови гости. Оваа гранка на туризам ќе се опорави од кризата ако бродовите се реконструираат и прилагодат за помал број луѓе, но и доколку се воведат алтернативни опции за јадење наместо бифе како што се нарачување од мени по ваш избор.

5. Ќе се бараат авиони со помал капацитет

На патниците ќе им биде поудобно да патуваат со авиони со помал капацитет. Исто така, се претпоставува дека авиокомпаниите ќе бидат пофлексибилни од почеток со евентуални промени во датумите на летот.

„Авиокомпаниите ќе треба драстично да ги намалат цените на билетите во однос на минатото лето и да летаат со празно средно седиште за да создадат растојание меѓу патниците“, вели професорот Кристофер Андерсон.

Експертите предвидуваат и дека бизнисмените ќе бидат првите што ќе започнат редовно да летаат и да започнат со закрепнување на воздухопловната индустрија по пандемија на коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi