Кој бил Џорџ Флојд? Човекот поради кој Америка гори

1 јуни, 20200
Tan2020-5-28_7356198_0-725x483

Смртта  на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика драматични протести во САД. Кој е всушност тој и што точно се случило на 25ти Мај во Сент Пол?

Џорџ Флојд е роден во Северна Каролина, а израснат е во Хјустон и Тексас, имал 46 години и бил многу добар спортист. Имал две ќерки и работел како обезбедување во ноќни клубови.

Зошто бил уапсен?

Флојд поради пандемијата останал без работа и ги почитувал мерките на ограничено движење. На 25ти Мај 2020та година, сакал да купи цигари во локалната продавница и на продавачот за истите му дал 20 долари. На продавачот, парите коишто му ги дал Флојд, му се причиниле сомнителни, односно, му делувале лажно. Се одлучил да повика полиција. На лице место пристигнале четири полицајци, коишто го затекнале Џорџ како седи во својот автомобил, наводно под дејство на некоја супстанца. Барем така стои во извештајот на полицијата. Тие тврдат дека Флојд се противел на апсењето и дека “на сила” го изнеле од автомобилот. Некои очевидци пак, велат дека Флојд воопшто не се противел на апсењето и тоа го потврдуваат со видео снимки. На крајот, од автомобилот конечно успеал да го изнесе, полицаецот Дерек Човин.

Зошто полицајците го собориле на земја?

На снимките се гледа дека Флојд има лисици, поради тоа што, наводно, тој се противел да влезе во полицискиот автомобил. Во тој момент, полицијата го соборува на земја, а бидејќи бил доста крупен, сите четворица го држеле во таа положба.

Како починал Џорџ Флојд?

Флојд имал кардиолошки проблеми и висок притисок. Додека лежел на земја, физички оневозможен да се помрдне, Човин му го притиснал вратот со своето колено и Флојд останал во таа положба цели девет минути. Барал да го пуштат, бидејќи не можел да диши, велел дека ќе влезе во автомобилот и ги молел полицајците да не го убиваат. По шест минути, во потполност престанал да дава отпор.

Полицијата го држела Флојд во истата положба уште три минути. Кога некој од луѓето, коишто целата ситуација ја снимале со мобилни телефони, забележале дека не му е добро и од полицијците побарале да му го проверат пулсот, тие го направиле тоа и заклучиле дека нема пулс, по што побарале брза помош.

Веднаш по пристигнувањето, лицата од брзата помош се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Еден час подоцна, Џорџ Флојд е прогласен за мртов.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi