Конечно е решена МИСТЕРИЈАТА за чудовиштето од Антарктик. После 10 години открија од каде доаѓа…

19 јуни, 20200
misterija

Американските научници ја решија мистеријата за џиновското јајце пронајдено во Антарктикот пред скоро 10 години, пишува Би-Би-Си.

Со години, истражувачите безуспешно се обидуваа да го идентификуваат фосилот, кој со својот изглед потсетува на дупната фудбалска топка, а со текот на времето го доби името по хорор science-fiction филмот од 1982 година, The Thing.

Научниците сега веруваат дека јајцето припаѓало на голем морски рептил, кој живеел пред околу 68 милиони години, и се верува дека тоа е најголемото јајце од влекач во светот.

Фосилот со големина од 28 до 18 сантиметри беше пронајден од научници во Чиле во 2011 година, но дури во 2018 година научник од Универзитетот во Тексас во Остин призна дека е всушност „згмечено“ јајце.

Големината на јајцето сугерира дека му припаѓа на животно со величина на голем диносаурус, но всушност меката школка сугерира дека нема никаква сличност со јајце од диносаурус, вели Лукас Легендре, постдокторант и соработник на Универзитетот во Тексас.

  • „Најмногу е слично на јајцата на гуштери и змии, но всушност се работи за поголемите роднини на овие животни“, рече тој.

Споредувајќи ја големината на стотици влекачи што се живи денес и нивните јајца, научниците проценија дека животното што го снесло тоа јајце сигурно е долго најмалку 7 метри.

Други фосили, пронајдени на истата локација, сугерираат дека јајцето можеби припаѓало на голем морски рептил со име мозасаур, иако е нејасно дали јајцето било снесено на земја или во море.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi