Конечно направија заштитна маска против Корона што ќе не штити 100%!!!

3 август, 2020
maska

Достигнувањата на Институтот за молекуларна медицина во Лисабон ќе ги помести границите. Група научници направиле заштитна маска која може да ги неутрализира честиците на коронавирусот кои ќе паднат врз неа. Таков ефект се постигнува благодарение на водоотпорните слоеви кои се неколку, но посебна улога има посебната иновативна ткаенина со специјален премаз.

Во текот на испитувањето маската била ставана во раствор со молекули од коронавирусот, при што 99 % од нив ги изгубиле своите својства по еден час. Маската може да се користи повеќе пати бидејќи квалитетот се задржува и по 50 перења.