Координирани со Заев!!!Пендаровски: Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Што следи после оваа небулоза?

12 јуни, 20200
pendarovski

-Нема формално барање за воведување на нова вонредна состојба. Сметам дека во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, истакна во денешното обраќање претседателот на државата Стево Пендаровски.

Тој истакна дека вонредната состојба прогласена на 31 мај истекува утре на полноќ.

-Сите вонредни состојби ги прогласував на барање на владата со нејзино образложение зошто е потребно да бидат воведени. Една од потребите беше, во услови кога Собранието е распуштено, да се носат уредби со законска сила, истакна Пендаровски.

Тој посочи дека како претседател може да прогласи вонредна состојба и без формално барање од Владата, но смета дека нема потреба за такво нешто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *