Корона и во Амазонија- заразено дете од изолирано племе!

11 април, 20200
yanomami 1

Бразилските здравствени работници го потврдиле првиот случај на КОВИД-19, болест предизвикана од новиот коронавирус меѓу далечното племе Yanomami во Амазонија. Министерот за здравство Луис Енрике Мандета на конференцијата за новинари во средата изјавил дека 15годишното момче од староседелското племе е позитивно на болеста. Мандета изјавил дека случајот е загрижувачки, со оглед на изолираноста на заедницата од надворешниот свет.

Момчето е примено на интензивна нега во болница во Рораима, најсеверната бразилска држава сместена во областа Амазонија на 3 април. Се жалело на краток здив, температура, болки во градите и во грлото.

Тестот првично бил негативен, а дури подоцна позитивен и момчето е задржано на интензивна нега.

Племето Yanomami се состои од 38 000 луѓе и се смета за најголемото релативно изолирано племе во Јужна Америка, со преку 9,6 милиони хектари земја по должина на венецуелската граница. Племето веќе се има соочено со епидемии од заразни болести, како сипаници и грип, во минатото кога војската, рударите и верските мисии ги изложувале на болести за кои немале имунитет.

Бразил потврдил најмалку седум случаи на коронавирус меѓу староседелското население. Автохтоното население од неколку држави ги затвориле селата од надворешната заедница за да се заштитат од коронавирусот.

Респираторните болести се сè уште водечката причина за смртност меѓу населението во Бразил. Државното министерство за здравство создало национален кризен одбор за да го надгледува влијанието на Ковид-19 врз староседелците и да се спречи неговото понатамошно ширење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi