Луѓето со ОВОЈ симтом на Ковид-19 имаат двојно поголеми шанси да УМРАТ

9 август, 20200
jov_0207_1594111479-1536x1024

Пациенти со ковид-19 со високи нивоа на шеќер во крвта имаат двојно поголема веројатност да умрат дури и ако не се дијабетичари, се вели во студијата спроведена во Вухан.

Претходните студии покажаа дека постои врска помеѓу ненормално високи нивоа на шеќер во крвта и зголемен ризик од смрт од пневмонија, мозочен удар, срцев удар, траума и операција.

Сепак, сега е потврдено дека постои поврзаност помеѓу дијабетес и зголемен ризик од смрт кај пациенти со ковида-19, соопшти тим од научници од Универзитетот за наука и технологија на Хуангјонг во Вухан. Покрај тоа, дури и во случаи на ковид-19 во кои не се дијагностицира дијабетес, високото ниво на шеќер во крвта го зголемува ризикот од смрт.

Поради сето ова, научниците препорачуваат болниците да го мерат нивото на шеќер во крвта кај пациенти кои имаат симптоми на коронавирус.

Студијата, во која беа вклучени 605 пациенти, меѓу кои и 114 кои починаа во две болници во Вухан, покажува дека 34 проценти од нив страдале од други болести, најчесто од висок крвен притисок, но не биле дијабетичари.

Скоро третина имаа толку високи нивоа на шеќер во крвта што, доколку тој беше доследно толку голем, сигурно ќе се дијагностицира со дијабетес тип 2.

Резултатите покажале дека пациентите со најголем шеќер во крвта биле со 2,3 пати поголем ризик од смрт од оние со пониско ниво шеќер. Оние од средната група се изложени на 71 процент поголем ризик од смрт од оние во најниската група.

Конечно, студијата покажа дека мажите кои биле примени во болницата со зголемено ниво на шеќер во крвта, имаат 75 проценти поголем ризик од смрт од жените со приближно исто ниво.

Затоа, високиот шеќер во крвта може да биде показател за зголемен ризик од смрт поради коронавирус.

Авторите на студијата веруваат дека механизмите зад зголемен ризик може да вклучуваат промени во формирањето на згрутчување на крвта, но и функцијата на ѕидовите на крвните садови.

Друга можност е прекумерно производство на воспалителни цитокини (мали протеини важни за пренесување на информации за клетки), кои се создадени од имунолошкиот систем – т.н. цитокино невреме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *