МАЈКА ЈА ОБЛЕКУВАЛА СВОЈАТА ДЕВЕТ ГОДИШНА ЌЕРКА КАКО ПЛЕЈБОЈ ЗАЈАЧИЦА И ЈА ДРЖЕЛА ДОДЕКА МАЖИ ЈА СИЛУВАЛЕ: Тоа се случувало секој втор ден!

28 август, 2020
Annotation 2020-08-28 032355

Една девојка од Австралија, која посака да остане анонимна, вели дека нејзината мајка ја облекувала во костум „Плејбој“ зајачица и и дозволувала да биде силувана од разни мажи во нејзино присуство кога имала само 9 години, пренесува Dailymail.

Ова се случувло секој втор ден помеѓу мај 2014 и мај 2015 година, а младата девојка, која сега има 15 години, е под стручен надзор поради тешката психичка состојба во болница во Бризбејн од страв дека ќе се обиде да си го одземе животот.

Таа веќе трипати се обидела да се самоубие.

Во нивниот семеен дом во Голд Коуст, Квинсленд, шестиот по големина град во Австралија, нејзината мајка ја облекувала во црни чипкани костими и на главата и ставала познати зајачки уши какви што носат Плејбој зајачиците.  

Нејзината 41-годишна мајка секој пат носела други мажи, а додека ја силувале, таа ја држела за да не побегне.

Австралискиот суд на чело со судијата Дејвид Кент во вторникот ја осуди на 10 години затвор како сторител на тешки кривични злосторства.

Таа ќе може да побара отпуштање од слобода дури откако ќе издржи 80% од затворската казна. Веќе помина 20 месеци во притвор.

Овие кривични дела станаа познати кога девојчето му напишало писмо на својот психолог во кое се вели дека пријателите на нејзината мајка „погрешно ја допирале“. Психологот веднаш го пријавил тоа во полиција.

Покрај тоа, таа рекла дека нејзината мајка по силувањето барала пари од мажите и и ги држела рацете за време на тие грозоморни чинови.

Ниту еден од силувачите не бил уапсен, а таткото на девојчето бил во затвор за време на злосторствата под обвиненија поврзани со дрога.