Мајката починала од корона, а на погребот починала и нејзината ќерка

11 април, 2020
погреб

Лора Ричардс (32) доживеала срцев удар додека ја закопувала мајка си, Џули Марфи (63). Ужаснатите роднини и свештеникот кој го спроведувал погребот се обиделе да ја спасат, но таа починала веднаш.

Лора била на погребот на својата мајка со неколку луѓе на кои им било дозволено да се збогуваат со починатата, водејќи се по правилата на социјално дистанцирање заради пандемијата од коронавирусот.

Семејството на Лора од Англија останало завиено во црно. Џули била мајка на четири деца. Боледувала од мултиплекс склероза и деменција. Починала на 15 март откако во домот за стари лица каде престојувала, се појавила зараза со коронавирус.

Полусестрата ла Лора, Сејди (45), изјавила дека семејството доживеало двојна трагедија.

– На погребот на својата мајка, одеднаш го слушнав вресокот на сестра ми:”Не можам да дишам, се гушам!”, и потоа ја снема.

– Се фати за гради. Ќерка ми и рече да седне и да го стави капутот под себе, но таа едвај можеше да зборува и да диши. Дури и свештеникот се обиде да помогне, но ништо не можеше да се направи, бидејќи Лора доживеа тежок срцев удар- раскажува Сејди.

Таа вели дека е неверојатна трагедија да ја изгубиш сестрата на мајчиниот погреб.

Деновите пред да почине, Лора на Фејсбук објавила убава посвета за својата мајка, пишувајќи:”Те сакам мамо”