БРУКА: 103-то место за Македонија во справување со коронавирусот, во друштво со Доминиканската Република, Антигва и Барбуда

8 јуни, 2020
mk

На последните анализи за состојбата со Ковид 19 во светот и справувањето на државите со него, анализа во која се земени 200 земји, Македонија е на поразително 103-то место, во друштво со Доминиканската Република, со Антигва и Барбуда, Гренада, Киргистан, Маурициус и Св. Луција.

На приказот може да се забележи дека земјите од соседството како Грција, Албанија, Хрватска, Србија и Бугарија, не се ни во близина на местото каде е рангирана Македонија во врска со состојбата со коронавирусот.

Во табеларниот приказ ова се земји кои што впрочем најлошо се справуваат со вирусот. Македонија доживува фијаско на табелите за справување со короновирусот.

Имено по последните статистики во бројот на новозаболени и смртни случаи на милион жители, Македонија е лидер во регионот со стапка на новозаболени која на почетокот од овој месец изнесува 50,5 проценти, за разлика од бројките во регионот каде стапката на новозаболени вкупно за сите земји изнесува 3,6 проценти.

За една недела од 01.06.2020, Македонија бележи вкупно 802 новозаболени случаи и 20 смртни случаи, која што бројка не само што е лидер во регионот, туку  е поразителна за справување со коронавирусот во земјава.

Загрижувачки е и бројот на вкупно починати од почетокот на пандемијата кој изнесува 153 смртни случаи, како и огромниот број на активни случаи кој што стигна до 2.226. Иако министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се работи за познати кластери, дека само 15тина семејства носат вкупно 90% од новите случаи, се очекува бројот да порасне во следниот период заради излезот на над 80.000 граѓани надвор од Скопје викендов, заради потенцијалната можност да го рашират вирусот.

Граѓаните на Скопје викендов коишто не излегоа надвор од градот револтирани заради мерките на владата да не прогласи карантин на ниво на цела држава, сепак останаа затворени во своите домови, додека огромен број на граѓани за викендов решија да посетат некој друг град, се уште се очекуваат анализите за последиците коишто ќе ги имаат овие дискутабилни мерки на владата.

Владата е на мета на огромен број на критики, заради новите статистики за лидер во регионот по број на новозаболени и смртни случаи, експертите велат дека фијаското на владата во не знаење и не способност во справување за состојбата за коронавирусот е само на штета на здравјето и животот на граѓаните.

Да потсетиме дека држави како Грција, Хрватска и Словенија и Црна Гора, повеќе од една недела веќе не бележат број на новозаболени и смртни случаи, додека во Македонија за жал  бројките се троцифрени скоро недела дена.

Граѓаните и јавноста е навистина загрижена за високиот број на заболени и непрофесионалноста во постапување на министерот за здравство и комисијата за заразни болести.

Во македонија се случува дебакл со коронавирусот по најавите пред една недела на власта дека ситуацијата е под контрола. 431-то место на ранг листите во справување со коронавирусот е невидено фијаско и пораз за граѓаните и власта која велеше дека состојбата е нормална.