ЦРН БИЛАНС: Денеска повторно починаа три лица, бројката на новозаболени никако да падне

18 мај, 20200
korona 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка  од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.

Во изминатите 24 часа направени се само 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 628, активни 152, Куманово – 416, активни 31,  Дебар – 51, активни 0, Штип-36, активни 2, Прилеп –200, активни 63, Тетово – 147, активни 79, Струга – 70, активни 4, Велес – 121, активни 50, Битола –27, активни 8, Охрид –21, активни 6,      Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –19, активни 2, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 4.

Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0,       Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1.

Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -18 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *