Еве каква е состојбата во скопските општини! КОЈА ОПШТИНА Е НАЈЗАРАЗЕНА ВО СКОПЈЕ?

10 јуни, 2020
covid

Во Скопје, според податоците на Институтот за јавно здравје, најмногу активни случаи на ковид-19 има во Чаир, 195, најмалку во Шуто Оризари, 21.

Во Чаир и натаму има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број изнесува 195, по што следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67.

Понатаму доаѓаат Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.

Во однос на дистрибуцијата по градови за вкупниот број, најмногу активни случаи со Ковид-19 и натаму има во Скопје – 944, а потоа следат Штип со 186 случаи, Куманово со 155 случаи, Тетово – 145.