ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА СУД: Арсовски го тужи Костадинов за клевета

8 јуни, 20200
tuzi

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ќе поднесе соодветна пријава во суд кон портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

-Помина 13:00, Костадин Костадинов – Коки не се извини за клеветите кај него на статус на социјалните мрежи, а пренесен од одредени медиумите, па како што и реков, соодветно ќе биде поднесена пријава до него и на Суд ќе ги докажува измислиците. Во меѓувреме Коки го демантираше и полициската патрола преку изјава за Независниот Полициски Синдикат (НПС) кој излезе со демант за целата ситуација и потврди дека се работи за брутални измислици.
Воедно јавно изјавувам дека ќе поднесам и пријава за следење до МВР, ги собрав соодветните податоци за пријава и очекувам дека ќе биде расветлен случајот околу следењето од страна на МВР. Следење на параполициски структури на СДСМ кон нас е криминал за кој ќе одговарате. Поготово следење на наши најблиски од семејство, никако нема да ви биде простено на никој. 

Што се однесува до прашањето на Коки, што сум правел во Струмица, еве јавно да му одговорам.
Отидов во Струмица да поразговарам како татко му на Коки банкротирал, а Коки стекна богатство од поприлично многу пари, како стопанот на Коки, Вице Заев сади марихуана и дали му прија климава на плантажите, во чива куќа завршија парите од Рекетот итн итн. Има за криминалната банда Заеви и за тебе Коки како нивни извршител многу да се зборува, ама тоа си е моја работа, јас ќе ви го вадам криминалот.

И на крајот, Струмица е најмалку твоја, а уште помалку на Вице и Зоки. Само ти си нивен – и тоа полтрон. После изборите ќе имаш време да размислиш за ова што сега му го правите на народот, а јас како добар и чесен човек ќе ти помогнам и ако треба. Коки, имаш уште време да скршнеш од патот на Заеви, од кој што и сам знаеш дека идете во провалија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi