Македонскиот народ кажа кога сака избори. АНКЕТА: Избори на 5 јули е прерано, крајот на јули подобро

11 јуни, 20200
Македонскиот народ кажа кога сака избори. АНКЕТА: Избори на 5 јули е прерано, крајот на јули подобро

Избори сега, наесен или во декември кога е редовниот термин ?

Граѓаните со поделени мислења за тоа во кој временски период треба да се избира новата влада – покажува истражувањето за состојбата со КОВИД 19 кризата спроведено од МЦМС и М-проспект.

Испитаниците кои одговориле дека изборите треба да се одржат летово е во поголем процент се етнички Албанци.

Според еден од авторите на истражувањето Александар Кржаловски различните мислења на граѓаните покажуаат дека политичките партии деновиве треба да постигнат консензус и да не калкулираат.

„Би рекол дека тој консензус, пак зависно од ситуацијата со вакви бројки воопшто не треба да се размислува за избори на 5ти јули, но не треба да се оптегнува премногу долго, односно ако почнуваат да се намалуваат бројките кон крајот на оваа недела , како што најави министерот Филипче, и ако тоа навистина така се случи тогаш би требало кон крајот на јули да се оди на избори. “, veli Александар Кржаловски – МЦМС.

Кржаловски смета дека вонредната состојба треба да биде продолжена, минимум на уште две недели поради зголемениот број на новозаразени од коронавирусот.

“Мислам дека подобро е да се фиксира датумот па ако треба ќе се одложи пак, но ако не може најдобро е да се воспостават критериуми да речеме тие фамозни пет посто да биде помал од тестираните заразни, и тоа да биде критериум, нема што да се расправаме , кога ќе се постигне месец дена после тоа да бидат изборите и готово, ќе се базира на здравствени критериуми а не на препукувањеа на партиите.”истакна Александар Кржаловски – МЦМС.

Овој дел од истражувањето на МЦМС е посветен на прашањето “Што понатаму?” Па така, 30% од испитаниците во првиот месец од надминувањата на состојбата би се вратиле во трговските центри, но за одењето во рестораните и кафулињата поголемиот дел би почекале еден до три месеци. Најпогоден според истражувањето би туризмот, според кој над 30 отсто од испитаните граѓани воошто веќе не планираат да одат на одмор оваа година и би го одложиле тоа за следната.

За избори во лето се изјасниле

(48%) етнички Албанци (48%)

(25%) Македонци (25%)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *