Пендаровски ја пропушти шансата да биде вистински претседател и државник . Поудобни му се чевлите на Заев

13 јуни, 20200
pendarovski

Огромно е разочарувањето на јавноста по денешната прес конференција на Стево Пендаровски.Човекот кој ја пропушти првата шанса да покаже дека е Претседател на граѓаните а не на оние кои го предложија на оваа функција. Денешниот говор на Пендаровски по вокабуларот наликуваше на Зоран Заев. Истите зборови, иста реторика…

Она што е најазачудувачки е неговото тврдење  дека досегашните одлуки за вонредна состојба не ги донел бидејќи тој така сметал туку затоа што тоа го побарала Владата. Ова негово затскривање и непокажување капацитет самиот да донесе одлука само говори дека Пендаровски не може да излезе од сенката на партијата на која иако формално не е член, го кандидираше за шеф на државата.

Со тоа, Пендаровски им даде легитимитет за сите Уредби на Владата кои немаат апсолутно никаква врска со справувањето со корона кризата, како што се платите на СЈО, извозот на дијаманти, закон за возила, закон за минерални суровини, или пак за задолжувањето од страна на власта.

Претседателот невешто се обиде да објасни дека вонредната состојба не била врзана директно со датумот за избори. Но, уредбата со која се замрзна изборниот процес кажува дека изборните дејствија ќе продолжат по укинувањето на вонредната состојба. Значи и тоа како има поврзаност.

Пендаровски не е од вчера во политиката и има големо искуство и капацитет. И нему му е јасно дека народот во овој момент најмалку што сака е избори бидејќи е загрижен за сопственото здравје. Затоа, состојбата со короната и стотината заболени дневно „плачеа“ за нова вонредна состојба а не за избори. Прашањето е кој ќе ја понесе одговорноста кога болниците ќе бидат преполни со пациенти, односно гласачи, кои во овој момент му се потребни само на Заев и на никој друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi