Почина Богдан Поп Ѓорчев- режисер и голем Македонски патриот

18 мај, 20200
vesti 2

Стрина

Случајно разбрав дека си не напуштил, без поздрав тивко како што живееше последните години. Искрено, многу ме погоди… тага што не може да се раскаже, за време што некогаш ќе се раскажува.

Останаа спомените на времињата кога се рушеа правилата на игра кои некогаш некои ги имаа стокмено за себе, ќе останат вечно да живеат и делата што ги остави зад себе. Го спомнуваат Трст виа Скопје, Поштар, Јагне на ражен… и треба Стрина. Се надевам дека доволно ќе живеам за да ја раскажам нашата приказна, сега веќе историја. За Македонија стрина!

Достојно го носеше товарот на името на дедо ти Богдан, Стрина. Го избели и тој образ за навек, за децата и внуците да раскажуваат со високо подигнати глави, зошто Ве имаа двајца, повеќе од достојни за пеење и раскажување.

Ми беше и брат и другар.. и ментор и ученик.. беше нераскинлив дел од се што се случуваше и ќе ми се случува додека сум жив.

Почивај во мир Стрина

Јас

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi