Рашковски треба да оди во изолација, нов кластер на Ковид 19 во Влада? Покрај Корона во влада има и други “врсти” на заразанеизлечливи

12 јуни, 2020
raskovksi

Треба ли Рашковски да оди во изолација и дали Владата на Македонија е новиот кластер на заболени од коронавирусот. Според наши информации вработена во Владата по потекло од гостиварско е позитивна на коронавирусот.

Од она што го имаме како инфромација во Владата не само што не се почитувале мерките за заштита, вработена позитивна на Ковид 19 била редовна на своето работно место и покрај ризичните контакти кои ги имала.

Таа била вработена во Генералниот секретаријат во Владата каде што својата канцеларија таа ја делела со 30 други вработени.

Инфомакс дознава дека Генералниот секретарот на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски поради работни обврски имал директна и интензивна комункација деновиве со вработената, но официјално се уште не е во изолација.

Проблематично е што во самата Влада не се почитуваат мерките, 30-тина луѓе се наоѓаат во една канцеларија, а во изолација не се наоѓа ниту еден вработен.

Покрај комуникацијата со Рашковски и вработените во Секретаријатот вработената имала комуникација и со други сектори, човечки ресурси и други раководители на дневна основа.

До овој момент немаме ниту потврда, ниту демант од Владата иако уредно и професионално го поставивме прашањето.