СЗО КАКО ЗАЕВ – СЕ ПРЕМИСЛИ: Вирусот сепак го пренесуваат и асимптоматските носители

9 јуни, 20200
szo

Високата експертка на Светската здравствена организација денеска го повлече претходното тврдење дека пренесувањето на коронавирусот од страна на луѓе што немаат симптоми е „многу ретко“.

Д-р Марија Ван Керхов, која вчера на брифинг рече дека асимптоматските носители ретко им го пренесуваат вирусот на други, денеска се поправи и кажа дека тоа било засновано на само две или три студии и дека е „недоразбирање“ да се каже дека асимптоматскиот пренос е редок на глобално ниво.

Јас само одговарав на едно прашање, не кажав правило на СЗО или нешто такво – рече таа.

Д-р Ван Керхов рече дека процените на пренесувањето од луѓе без симптоми доаѓаат пред сè од шеми, кои можеби не даваат точна претстава. „Ова е големо отворено прашање и останува отворено прашање“, рече таа.

Научниците остро го критикуваа СЗО дека создава конфузија за ова прашање, со оглед на далекосежните последици од правилата за јавноста. Владите низ целиот свет препорачуваат маски за лице и социјално растојание поради ризикот од асимптоматското пренесување.

Голем број научници рекоа дека изјавите на д-р Ван Керхов не ги одразуваат тековните научни истражувања.

Сите најдобри докази сугерираат дека луѓето без симптоми можат да го шират и го шират САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, рекоа денеска научниците од Глобалниот здравствен институт Харвард во соопштение.

Давањето прелиминарни податоци за клучните аспекти на коронавирусот без доволен контекст може да има огромно негативно влијание врз начинот на кој јавноста и политичарите постапуваат во пандемијата!

Еден масовно цитиран научен труд објавен во април сугерираше дека луѓето се најзаразни два дена пред почетокот на симптомите и процени дека 44 проценти од новите инфекции се резултат на пренесување од луѓе на кои сè уште не им се појавиле симптоми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi