Заев го продаде Гоце Делчев на Бугарите!

12 јуни, 20200
goce delcev

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во неговото интервју на Клик Плус на ТВ 21 изјави дека Македдонија и Бугарија треба да ја дефинираат заедничката историја и како Гоце Делчев и другите историски епохи, а не да се гледа само од една или друга страна.

„Тој договор е успешен договор, тој мора да живее меѓу народите на двете земји Во тие два народи кои се спомнуваат внатре има заедничка историја, таа треба да ја дефинираме и заедничката историја треба да ги негуваме заедничките вредности и на Гоце Делчев и на другите историски епохи, а не само на едната страна или на другата. Верувам дека ќе најдеме договор“ изјави Заев.

Според него интерес на бугарскиот народ се нашите евроинтеграции но и да се решаваат отворените прашања, а само Заев покажал дека може да решава такви прашања.

„Бугарија се бори за нас и сака да се решаваат и следните поглавја од историските прашања кои се пред нас и тука е наративот. Од премиерот Борисов до министерката Захариева и сите нивни репрезенти.“ рече Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi