Маската која ја носите ја открива вашата личност!

18 мај, 2020
маска

Носењето маска во моментов е задолжително, но ние имаме право да одбереме како го правиме тоа. Колку и да е јасна потребата за носење маски, толку начините се различни.

1. Стилист

Елегантниот тип ја има вистинската маска за секое парче облека. Тој смета дека ако веќе се носи штитник за уста, треба да се носи со стил.

2. Мотивациски тип

Мотивацискиот тип е решен да го прекине вирусот со носење на маска. Тој никаде и никогаш не ја симнува маската. Затоа понекогаш чудно го гледаат, но тој го прифаќа тоа зашто му е потребна сигурност и мирен сон навечер.

3. Хаотичен тип

Овој тип никогаш не знае каде му е маската и често другите го потсетуваат за нејзината корисност. Понекогаш импровизира со делови од облеката додека не ја пронајде маската некаде најдлабоко во торбата.

4. Лабав тип

Лабавите личности не се толку уверени во неопходноста на маските, но никогаш не се бунат против тоа. Често користат маски за еднократна употреба, но додека не се распаднат.

Невнимателниот начин на носење на маски често ја одразува силната желба лицето да нема никаква врска со вирусот.

5. Оптимист

На оптимистот не му е грижа дали носењето маска ќе придонесе за нешто или не, но тој смета дека вреди да се проба. Тој дури и сака маска за уста, а разновидноста во дезените и боите го расположува.

Исто така, оптимистот смета дека многу поинтензивно се гледа во очите на другиот кога се носи маска и дека тоа е убаво.

6. Мрчатор

Нерадо се бори со препораките или барањето за носење маска. Тотално се нервира што не може да разбере кога некој зборува преку маска, што се дише тешко и што видното поле е толку чудно. Затоа мрчаторот избегнува ситуации во кои ќе мора да стави маска.

7. Стоик

Стоикот е потполно стабилен во поглед на потребата за маска. Сепак, тој е добро информиран за тоа која маска каква заштита нуди и колку често треба да се менува и пере.