Мажот се пожалил на болки во стомакот: лекарите во ШОК!

14 јуни, 20200
stomach-pain-diarrhea

Лекарите отстраниле кабел за полнач за мобилен телефон долг околу 60 сантиметри од мочниот меур на пациентот. Еден 30-годишен маж од северот на Индија отишол на лекар минатата недела и се пожалил на болки во стомакот. Останува нејасно како кабелот стигнал до мочниот меур.

Лекарите веруваат дека тој бил или проголтан или вметнат заради „сексуално експериментирање“. Мажот имал историја со случајно голтање, пред тоа голтнал слушалки. Лекарите му далеа лаксативи за ублажување на болките во стомакот. Бидејќи тоа не вродило со плод, тогаш тие направиле мал засек и откриле дека станува збор за кабел и решиле да направат операција за да го отстранат.

Пет медицински лица извеле 45-минутна операција за отстранување на полначот. Лекарот признал дека не видел вакво нешто во текот на својата 25-годишна кариера:

– Иако не сум сигурен за неговото ментално здравје, некои луѓе би сториле сé кога станува збор за сексуални експерименти. Можеби тој беше засрамен да ни ја признае вистината – рече докторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *