Микробиолог одговорил на клучни прашања во врска со корона: еве како човечкиот здив го шири вирусот!

10 мај, 20200
korona

Досегашните прелиминарни истражувања откриваат дека многу луѓе биле заразени со коронавирус, а за тоа не биле свесни.

Дури и оние кои подоцна добиле симптоми, во почетокот на заразата ниту кашлале, ниту имале треска.

Ширење со нормално издишување

Кај грипот, кој е сличен по симптомите со Ковид-19, се проценува дека 5 до 25 проценти од заболените не доживуваат никакви симптоми.

Иако епидемиолозите ширум светот препорачуваат носење на заштитни маски за да се спречи ширење на заразата со кашлање и кивање, вирусот се шири и преку издишување во кое се наоѓаат ситни честички од вирусот. Утврдено е дека нормалниот човечки здив може да го прошири вирусот на неколку метри од лицето. Заразата се шири и преку предмети и површини кои ги допрело заразено лице.


Голем процент од заразените се без симптоми

Вирусот брзо се шири затоа што постојат заразени кои неколку денови пред појавата на симптомите се заразни, но не чувствуваат никакви симптоми.

Повеќето луѓе по прележувањето на заразата, дури и ако немале симптоми, развиваат антитела кои треба да ги заштитат од повторно заболување.

Веројатно самиот имунитет се бори против заразата дури и кога нема симптоми. На овој начин серолошките тестови утврдиле поголем број на заразени лица од официјалните статистики.

Според истражувањата, дури 10 до 40 проценти од заразените лица со Ковид-19 нема да развијат симптоми.

Загрижувачки е фактот што научниците не успеваат да ја откријат разлика во тоа колку се заразни луѓето со симптоми, а колку се заразни луѓето без симптоми и затоа е тешко да се стави пандемијата под целосна контрола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi