Мјанмар и Камбоџа не го почитувале социјалното дистанцирање, а немаат многу заразени. Перу е топла земја, а е многу погодена од коронавирусот. За што се работи?

14 мај, 20200
мјанмар

Од коронавирусот во Иран починале толку многу луѓе што Иран организирал масовни погреби. Од друга страна пак, во соседен Ирак починале неколку стотици луѓе.

Доминиканската Република пријавила околу 9100 случаи. Првиот сосед, Хаити, само 130. Во Индонезија починале илјадници луѓе, а во Малезија бројот на жртви е околу стотина.

Коронавирисот стигна во секој дел во светот, но се чини дека неговото однесување е каприциозно. Глобални метрополи како Њујорк, Париз и Лондон се разорени, додека пак, градови како Бангкок, Багдад, Њу Делхи и Лагос се поштедени.

Прашањето зошто вирусот преплави некои места, а некои се едвај фатени е мистерија. А единствениот одговор лежи во тоа како државата реагира на пандемијата.

Многу земји во развој, со топла клима и млада популација го избегнале најлошото. И тоа упатува на одговор дека високите температури и демографијата играат улога. Но случаите во Перу, Бразил и Индонезија каде што климата е тропска, а тие се жаришта на пандемијата ја негираат оваа идеја.

Социјалното дистанцирање и раното затворање се покажале како ефикасни методи, но Мјанмар и Камбоџа не го направиле тоа, а бројот на заразени во овие земји е мал.

Една теорија вели дека најсилниот бран на заразата едноставно не успеал да стигне до овие земји.

Сепак, експертите стојат на четирите главни фактори: демографија, култура, природа и брзо реагирање на властите.

Но, секое потенцијално објаснување доаѓа со нејаснотии и контрадокази.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *