Можеби нема ни да ни требаат вакцини против корона? И германските научници се на работ на големо откритие

6 мај, 2020
ковид

По холандските, и германските научници создадоа органски антитела.

Германските лекари постигнале голем успех во потрагата по лек за корона вирусот, бидејќи тие успеале да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките.

– Ова е јасен напредок што покажува дека сме на вистинскиот пат кон развој на лек за „Ковид-19“ – објасни Лука Цицин-Саин од центарот Хелмхолц за истражување на заразни болести во Брауншваиг.

Весникот „Брауншвајг Цајтунг“ објави дека Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки изработени човечки антитела.

Во оваа прилика, тие пронајдоа повеќе од 750 антитела кои се „приврзуваат“ на вирусот корона, предуслов за успешна борба против него.

Сега ќе се тестира ефикасноста на антителата.

Целта на научниците е да најдат лек што може сериозно болните од корона вирусот да ги лекува акутно.

„Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација“, објасни Стефан Дибел од Универзитетот за технологија на Брауншваиг.

Потрагата по најдобар кандидат за антитела за подоцнежен лек треба да продолжи до средината на јуни, рече Томас Ширман од биотехнолошката компанија „Јumab“, која е вклучена во проектот.

Целта на научниците е дека до есен, првите пациенти со ковид можат да се лекуваат со нивниот лек.