Мрачни прогнози на германски експерт: вториот бран на коронавирус со сигурност доаѓа!

5 мај, 20200
корона

Претседателот на германскиот институт “Роберт Кох”, Лотар Вилер изразил уверување дека ќе има втор бран од заразата со Ковид-19.

Тој укажал дека колку повеќе инструменти постојат, толку полесно може да се совлада вториот, или дури и третиот бран.

Во однос на вториот бран тој истакнал дека сега се поподготвени и дека лекарите знаат повеќе и во однос на терапијата која треба да се дава кај заболените од Ковид-19. Тој нагласил дека се потребни конкретни мерки во борбата против вториот бран.

Во однос на актуелните бројќи Вилер навел дека во изминатите денови репродуктивниот фактор на вирусот спаднал на 0,71.

Но, нагласил и дека бројот на починати на дневно ниво и понатаму е висок. Во моментот, борбата е да се спречи бројката на новозаразени лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *