Нацистичкото злато вредно повеќе од милијарда фунти закопано под палата во Полска

29 мај, 20200
Capture

Постојат сомнежи дека 28 тони нацистичко злато во вредност од повеќе од милијарда фунти се скриени во темелите на палатата во Полска, откако таа локација беше спомената во дневникот на СС.

Истражувачите од полско-германската фондација „Силси Бриџ“, кои тврдат дека го добиле дневникот од масонска ложа, велат дека богатството било ѕакопано во последните денови на Втората светска војна, заедно со труповите на неколку сведоци. Според фондацијата, залихите на златни шипки, накит и монети лежат на дното на разрушениот бунар во темелите на веќе разрушената палата Хохберг, во близина на градот Вроцлав, пишува Дејли Меил.

Ако тврдењето е точно, богатството би можело да вреди 1,25 милијарди фунти по денешните цени.

Роман Фурманјак, претседателот на фондацијата којшто ја пронајде локацијата, тврди дека дневникот го напишал офицер на СС, Егон Оленхауер, кој бил врската на полицијата со богатите членови на СС и нивните семејства кои поседувале голем број скапоцености.

Се верува дека Хитлер наредил да се натоварат 260 камиони со сите овие скапоцености и да се сокријат во регионот на Силесија, кога се променил бранот на Втората светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi