Надал: Федерер е најдобар, но против Џоковиќ е најтешко

19 мај, 20200
надал

Вујкото на Рафаел Надал, Тони, даде интервју во кое се приклучи на дебатата за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња. Интересно е што Тони го даде својот глас на Роџер Федерер, а не на неговиот внук кого го тренираше од почетокот на кариерата до 2017та година.

– Федерер е фантастичен играч, сакам да го гледам. Да не му бев вујко и тренер на Рафаел, би сакал да победува на секој турнир. Тој е елегантен, но и продуктивен. Дали е најдобар на сите времиња е тешко прашање и мислам дека тој е најдобриот играч на денешницата – рече Тони Надал.

Тони откри и зошто секогаш му било потешко на Рафаел во дуелите со Џоковиќ отколку со Федерер, за што сведочат и информациите за меѓусебните средби. Надал има позитивен биланс од 24:17 против Федерер, додека против Новак има негативен скор од 26 победи и 29 порази. Зборовите на неговиот чичко објаснуваат зошто е тоа така.

– За нас натпреварите со Џоковиќ беа потешки отколку со Федерер. Не станува збор за тоа кој е подобар, туку со фактот дека имавме план за тоа како да се победи против Федерер. Знаевме што треба да направиме. Никогаш не бевме сигурни со Џоковиќ што ќе игра, каков ќе биде неговиот пристап. Подготовката беше потешка за нас – рече Тони Надал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi