Најцрниот ден во корона кризата: Над 200 новозаразени, Заев токми избори, а Филипче крахира

13 јуни, 2020
kovid

Денеска веројатно е и најцрниот ден во корона статистиката во Македонија. Според неофицијални информации, до кои дојде Нетпрес, бројот на новозаболени од Ковид 19 денеска е над 200, а од нив околу 81 се регистрирани во Скопје.

164 новозаразени со Ковид-19, 12 оздравени пациенти,  двајца починати и 1.045 тестирања е вчерашниот биланс од епидемијата на коронавирусот, што го соопшти Министерството за здравство.

Завчера беа регистрирани 175 случаи, а рекордот на дневно ниво беше забележан на 5 јуни со 180 случаи. Во изминативе пет дена во државава беа направени 4.733 тестирање, а 678 граѓани добија позитивни резултати за Ковид-19. Како резултат на вирусот изминатите пет дена има 18 смртни случаи.

Сепак, и покрај растечкиот број на новозаразени, лидерот на СДСМ, Зоран Заев е упорен во барањето да се одржат избори.

На покана на претседателот Стево Пендаровски, синоќа во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.

Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.