Најлуда казна: Кој не носи маска во Бали, полицијата го присилува да прави склекови на сред улица

4 мај, 20200
bali

Полицијата во Бали ги казнува лицата кои не носат заштитни маски, принудувајќи ги да прават склекови на сред улица.

Локалните службеници за безбедност, познати како „Пекаланг“, неодамна казнувале  со склекови во традиционалното село Интаран во Санур, источно од градот Денпасар, пренесува Дејли Меил.

На фотографијата објавена од Денпасар сега се гледа како човек прави склекови на сред улица додека полицајците со службено возило се околу него.

Медиумите известуваат дека склековите се направени да имаат „спречувачки ефект“ врз оние што се обидуваат да влезат во традиционалното село Санур без маска.

Во едно од видеата, се гледа како човек со мотор е запрен од полицајците, а потоа бил  принуден да направи 10 склекови на улица, пренесува Бали хебат.

По казната, полицајците биле видени како разговараат со него и му даваат маска пред да го пуштат.

И покрај тоа што бил запрен, човекот заминал насмеан, очигледно необичната казна го натерала да се намее.

На овој начин, полицијата ја подигна свеста за новиот закон, кој стапи во сила на 1 мај.

Според него, на оние што влегуваат во селото без маски ќе им се изрече казна од пет килограми ориз (68 австралиски центи) и работа во заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *