Најновото американско оружје – дронови камикази

13 јули, 20200
shutterstock18588761-815x458

На почетокот на оваа година американската војска успешно го тестираше лансирањето на безпилотните летала од познатите хеликоптери Блек Хок. Леталата по лансирањето извршувале индивидуални извиднички мисии и праќале снимки во живо на екипажот на хеликоптерот.

Тоа беше само еден од начините за можна употреба на леталата од наречената АЛЕ – air launched effects, програма која би требало на екипажот на хеликоптерот да им дава дополнителни можности во борба и да ги зголеми шансите за преживување со нивна помож. Дроновите се лансираат од посебни цевки бочно поставени на хеликоптерот. Еден од главните предизвици при лансирањето било да се избегне силната струја која ја произведуваат роторите на хеликоптерите која можела да ги наведе надолу и да ги исфрли од траекторијата.

Тестирањето покажало дека на овој начин ќе може да се лансираат дроновите Алтиус 600 со собрани крила, пропелерски погон и систем за видео назор, кој подоцна може автоматски да слета на било која рамна површина.

Иако уште некое време со сигурност нема да ги заменат класишните проектили, овие дронови во иднината освен што ќе служат за извидување и за снимање можат да носат и боеви глави па ако е потребно да послужат и како камикази, односно да се залетаат во мета и да ја уништат. Со тоа екипажот на хеликоптерот би останална сигурна далечина, а губитокот на дронот би бил значително поневажен отколку да се стави во опасност леталото со екипажот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi