13 август, 2020

Научниците од Националната лабораторија во Лос Аламос во САД дошле до заклучок дека мутураната форма на вирусот корона – Спајк Д614Г, која била откриена во мај годинава, стана доминантна форма за време на пандемијата. Истражувачите веруваат дека мутацијата овозможува вирусот да се размножува побрзо и да биде крајно заразен.

Во написот, објавен од научниците во списанието Сел, се вели дека мутираната форма на коронавирусот Спике Д614 влијае на протеинот S, кој игра улога во врзувањето на вирусот со човечкиот рецептор ACE2. Лоциран е на надоворешната страна на вирусот и формира протеински шила, кои комуницираат со површината на заразената клетка.

Исто така, е забележано дека оваа мутација на вирусот била распространета во Европа и дека брзо ја замени формата на вирусот САРС-КоВ-2 што се шири од Вухан.

Експертите анализирале податоци за 999 пациенти во Велика Британија и откриле дека новата форма на вирусот корона врши поголем притисок врз ткивата на горниот респираторен тракт, иако научниците не пронајдоа врска со потешки симптоми. Ова укажува на тоа дека мутираниот вирус ги инфицира клетките три до шест пати побрзо и се размножува. Иако сè уште не е познато во колкава мерка новата форма на вирусот се пренесува од болни на здрави луѓе, научниците се убедени дека оваа форма на вирусот корона исто така предизвикува пандемија.

Остави коментар

Почетна // Top Story // Најновото откритие на научниците! Мутирана форма на вирусот корона е крајно заразна!
Горе