НАЈСУРОВАТА КРАЛИЦА-НИМФОМАНКА ВО ИСТОРИЈАТА: Била „мајка на Ангола“ како политичарка, но оној кој не ги исполнувал нејзините желби го чекала страшна судбина!

5 јули, 20200
нимфоманка 1

Кралицата Нзинга Мбанде (1583-1663), владетелка од територијата на денешна Ангола, била една од најсуровите владетели во историјата на човештвото.

Според сексуалните и скоро нимфомански апетити на Нзинга, на најтоплиот континент се вели дека единствени нејзини еднакви биле легендарните Амазонки, кои ги осакатувале своите партнери убедени дека таквите луѓе се најдобри љубовни партнери.

Распуштената кралица на Нзингa држела цел машки харем со шеесет силни мажи од кои требало да избере двајца кои ќе се борат до смртта, а победник како награда го добивал нејзиното тело, кое морал да го храни се додека не се онесвести.

Според легендата, Нзинга не само што ги лишувала мажите од живот, туку и бремените жени во одредени племиња, затоа што им била љубоморна заради нејзината стерилитет.

Интересно е што оваа владетелка била сурова сè додека не ја прифатила христијанската вера во својата 77-та година од животот.

Но покрај тоа што била позната како нимфоманка, Нзинга била и „мајка на Ангола“ како политичарка. Таа ги водела луѓето во борбата против португалската инвазија и робовладетелството, но во тоа била спречувана од нејзиниот брат, кој важел за предавник, затоа што му попуштал на непријателот од Европа. Португалците дури и го фатиле, но Нзинга нашла начин да го ослободи. Кога отишла во Португалија на преговори, тие не ѝ понудиле стол да седне, туку ќилим. Нзинга затоа му наредила на нејзиниот службеник да клечи на сите четири за таа да седне. По завршувањето на преговорите, таа го пресекла грлото на нејзиниот службеник пред сите, коментирајќи дека кралицата на Ангола не го користи истиот стол двапати. Набргу потоа, Португалеците се согласиле да го ослободат нејзиниот брат.

Меѓутоа, за да може Нзинга да го преземе престолот, таа ноќ во домот ги убила својот брат и неговиот син со нож. Статуи со ликот на кралицата Нзинга се наоѓаат низ цела Ангола денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *