Најудобен лет: Воведување на капсули за спиење во економска класа!

30 април, 20200
naslo

Постојат луѓе кои можат да спијат апсолутно насекаде и во секоја можна ситуација. Било да е тоа на подот, столот, на не многу удобна фотелја, некои можат да спијат скоро секаде. Таквите лесно ќе заспијат и нa не толку удобното седиште во авионите. Повеќето од нас, од друга страна, не спијат многу добро во авион, но благодарение на “Air New Zealand”, работите би можеле да се променат за обичните смртници кои се вообичаено летаат во економска класа …

Поточно, пред неколку дена, имено на 26 февруари, компанијата пријавила патент наречен Economy Skynest, по три години истражување, развој и тестирање во кои биле вклучени повеќе од 200 патници во Окланд. Но, што точно е Skynest? Тоа е патент што прави шест капсули за спиење, чија должина одговара на возрасен човек со просечна висина. Капсулите ќе бидат поставени во економска класа, каде точно не е познато, бидејќи позицијата сè уште се утврдува.

Секоја од шесте капсули е долга точно 2 метри и широка 58 сантиметри. Во секоја ќе има  перница, чаршаф, ќебе, слушалки и завеса што ја штити приватноста на патниците, а се планира да се инсталира USB приклучок, како и ламби за читање.

„Еден од главните проблеми на патниците од средна класа на долги летови е неможноста да се сместат удобно и да добијат вистински одмор“, вели Мајк Тод, маркетинг менаџер на компанијата. Тој додава дека Economy Skynest е директен одговор на овој предизвик.

Сепак, прашањето што ги интересира сите е кога Skynest ќе стане оперативен и кога ќе го сретнеме во авионите?

Кога станува збор за оваа компанија, треба да бидеме оптимисти, со оглед дека тие веќе направиле некои измени во минатото во обид да го зголемат комфорот во летањето во економската класа. Така, во 2011 година, тие го измислија „ Economy Skycouch“, што им овозможува на патниците кои патуваат заедно да ги трансформираат седиштата во софа.

„Ќе дадеме се од себе за патниците од економска класа да уживаат на долгите летови и да пристигнат одморени на дестинацијата“, вели генералниот директор за искуство на клиентите, Ники Гудман.

Конечна одлука за имплементирање на Skynest во авионите ќе биде донесена следната година, а тестирањето е закажано на линијата Окланд – Њујорк. Со оглед дека овој еднонасочен лет трае повеќе од 17 часа, се чини дека некои патници од економска класа конечно може да бидат среќни.

The end of jet lag? Airline mulls sleep pods for economy

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi