Научниците конечно имаат одговор за тоа дали вирусот корона може да се пренесе во базен

20 мај, 20200
Naslovna

Нема докази дека вирусот корона може да се пренесе во базенот, пренесува The Sun.

Центарот за контрола на болести и превенција од Велика Британија ги објави резултатите од својата анализа. Додека сè уште има голем број на прашања за тоа како се пренесува коронавирус, од Центрите за контрола и превенција на болести велат дека нема докази дека вирусот што предизвикува Covid-19 може да се шири во базени, топли кади, бањи или паркови.

Всушност, владината здравствена агенција го изјави спротивното. Ако местата како базени и џакузи се правилно одржувани и дезинфицирани со хлор, вирусот треба да се „убие“ во водата.

Сепак, сите здравствени организации апелираат луѓето да се придржуваат кон општите упатства и препораки со цел да се спречи ширењето на инфекцијата, како во базените така и на други места.

Хигиенските практики како што се миење на рацете и социјалното растојание помагаат најмногу во ограничувањето на ширењето на вирусот.

Агенцијата додава дека е многу важно сопствениците на базени да се придржуваат кон привремени упатства за чистење и дезинфекција на водата и просторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *