Неидентификуван летачки објект падна во сред шума: Службите одбиваат да кажат што знаат, но сепак се откри!

4 септември, 2020
сдфсдфсдфсдфсдф

Огромен сребрен предмет што се сруши длабоко во џунглите на Конго најпрво беше заменет со неидентификуван летечки објект. Локалните жители во провинцијата Бас-Уеле во Конго останаа без зборови кога оваа недела пронајдоа остатоци од голем предмет заглавен во густите дрвја од џунглата. Снимките наскоро станаа вирални и предизвикаа дебата за тоа што точно паднало среде слабо проодна шума.

Гувернерот Валентин Сенга, бил изненаден од предмет чие потекло не можело да се утврди. „Не можам да кажам за што всушност станува збор. „Разузнавачките служби и локалните авијациски институции тврдат дека немаат информации за летот на каков било сличен предмет над воздушниот простор во Конго“, изјави Сенга за Ројтерс.

На крајот, се покажа дека е балон на голема надморска височина лансиран како дел од проектот „Лун“, иницијатива што овозможува поврзување на Интернет во нај руралните области на светот. Слична работа се случи пред 8 години во Кентаки во САД кога таков објект леташе на небото. На Гугл му требаше цела година да истражува за што станува збор и да ја изнесе вистината на виделина.