Некои велат дека е проколната, а некои, дека шетаат духови во неа – 10 тајни кои ги крие БЕЛАТА КУЌА!

7 мај, 20200
donald tramp

Пред Бил Клинтон да ја напушти Белата куќа, неговиот персонал направи штета од 40.000 американски долари. Што направија тие?

132 соби, 35 купатила, 6 нивоа, 412 врати, 28 камини, 3 лифтови, 5 готвачи, неколку градини, тениски и кошаркарски терени, кино, патека за трчање… Сето тоа постои во Белата куќа. Но, кои тајни сè уште крие? Откријте ги малку познатите интересни детали за најпознатиот дом на Америка!

1. Џорџ Вашингтон никогаш не живеел во Белата куќа

Ирскиот архитект Џејмс Хобан, наводно, направил планови за Белата куќа која е моделирана според  куќата во Даблин, која денес е седиште на ирскиот парламент. Првиот американски претседател никогаш не живеел во претседателската резиденција, нејзиниот прв станар бил неговиот наследник Џон Адамс, кој се пресели во 1800 година. Иако Вашингтон ја одбрал локацијата како и архитектот, изградбата на куќата започнала во 1791 година и траела осум години. Изградбата чинела 232.000 долари, денес би изнесувала околу 4 милиони долари.

2. Куќата е изградена од кафеав камен

Кафениот камен на sидовите работниците ги обоиле во со бела боја за да спречат оштетување и редовно да ја одржуваат фасадата, затоа Белата куќа секогаш изгледа свежа. Прекарот „Бела куќа“ го смислил првиот станар, Џон Адамс кој се задржува децении подоцна.

3. На првото филмско прикажување во Белата куќа е прикажан филмот „Раѓањето на една нација“

Почетокот на филмските вечери во Белата куќа беше пред 101 година, кога Вудро Вилсон решил да биде домаќин на проекцијата на филмот на режисерот Д.В. Грифит „Раѓањето на една нација“, историска драма која зборува за подемот на Ку Клакс Клан во САД и тогаш предизвика бројни критики поради оправданоста на расната сегрегација. Режисерот и Томас Диксон, авторот на романот според кој е направен филмот, биле гости на првото прикажување.

Џим Картер има гледано најмногу филмови, дури 480.

4. Белата куќа не го имала секогаш ова име

Теодор Рузвелт го симслил името кое е врежано и денес. Пред тоа биле користени имињата Претседателска куќа, Претседателска палата и слично.

5. Пресврт за Куќата: 1933 година

Рузвелт инсталирал рампи и лифтови за да ја направи Белата куќа достапна за лицата со посебни потреби. Тој, исто така, изградил базен, кој Никсон го покрил и наместо тоа изградил просторија за медиуми.

6. Некои велат дека таа е прогонувана

Многу гости, како и станари, тврдат дека духот на починатиот претседател Абрахам Линколн сè уште лута по просториите на Белата куќа. Најпозната е приказната за Винстон Черчил, кој тврди дека наишол на духот на Линколн покрај огништето. Черчил никогаш повеќе не зачекорил во спалната соба на Линколн.

7. Под Белата куќа, во подрумот, има цел град

Никсон изградил просторија за куглана, како и цвеќарница, продавница за чоколади, има дури и стоматолог.

8. Том Хенкс донирал две машини за кафе во Белата куќа

Славниот актер, за време на посетата во Белата куќа, забележал дека во неа нема машина за кафе, па решил сам да ја купи. Една година подоцна, кога повторно ја посетил Белата куќа, тој донел нов модел.

9. Некогаш можело лесно да се влезе во Белата куќа

Инаугураторската прослава на Андре Џексон во 1829 година привлекла толпа народ, така што персоналот морал да ги изведе посетителите надвор за да поделат пунч со виски.

10. Невообичаени трошоци за станарите

Пред Бил Клинтон да ја напушти Белата куќа, неговиот персонал направил штета од 40.000 долари. Што направија тие? Тие намерно ја откорнале буквата W од машините за пишување, ги залепиле фиоките на масите, оставале чудни телефонски пораки … На критиките одговолриле дека не е невообичаено персоналот на поранешниот претседател да се пошегува со идните станари. Наводно, персоналот на Буш ги откорнале телефонските жици и оставиле заканувачки пораки, вклучително и една каде што се вели „Ние ќе се вратиме“…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *