Неонацист од Србија со БРУТАЛЕН НАПАД против Џоковиќ и неговиот став за случувањата во САД

3 јуни, 20200
2231669_whatsapp-image-20200525-at-3.56.03-pm-2_ls

Убиството на Џорџ Флојд во Америка активира многу спортисти ширум светот симболично да го изкажат својот став и да ја осудат претераната употреба на сила од страна на полицијата.

Еден од тие многубројни спортисти кои својата подршка ја изразија со црна фотограција на своите профили на социјалните мрежи во вторникот е и Новак Џоковиќ.

Поради ваквата реакција на најдобриот тенисер на светот и српски амбасадор во светот тој се нашол на удар на Горан Давидовиќ, познат како Фирер, лидер на неонацистичката Национална машина.

  • Додека трае Кристалната ноќ во Америка, има Срби кои тоа го подржуваат. Да се запомне ова…. и да не се заборави – напишал Давидовиќ.

Кристалната ноќ е голем погром кој се случил низ Германија ноќта на 9ти ноември 1938 година. Погромот бил насочен против еврејските граѓани ширум земјата и за многу набљудувачи, претставува прв предзнак за она што денес го нарекуваме Холокауст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *