Нов Зеланд најдобро се справува со коронавирусот-1200 заразени, 1 починат и 300 оздравени, благодарение на ова!

9 април, 20200
нов зеланд

Нов Зеланд е една од најуспешните земји која не само што ја успори, туку и ја смири короната, а тајната лежи во две одлуки кои се спроведоа многу брзо- затворање на границите и воведување на карантин.

Карантинот во Нов Зеланд подразбира работење само на она што е неопходно, луѓето може да се шетаат и возат велосипед, но во соседството, во маркетите, да се оддалечени најмалку еден метар еден од друг, влегуваат еден по еден, училиштата се затворени, забрането е да се оди на плажа, а на населението му е препорачано да не прави ништо што би ја оптеретило итната слушба. Строгите мерки кои ги вовела премиерката Џасинда Ардерн покажале резултат само по две недели.

Бројот на нови случаи опаѓа, иако е зголемен бројот на тестирани, а во последните денови поголем е бројот на излечениш отколку на заразени лица во едно деноноќие. До сега починало само едно лице, постара жена која имала и други болести, а четворица се во потешка состојба.

Но, премиерката не отстапува од цврстата рака кога е во прашање борбата против коронавирусот, иако се можни мали попуштања за време на велигденските празници.

Нејзината намера е Нов Зеланд да помине четири недели во карантин, два пати по 14 дена инкубација на коронавирусот, пред да ги попушти мерките уште повеќе.

Новозеландската челична дама ги иницирала овие строги мерки за кои добила поддршка од сите- и од опозицијата и од граѓаните. А се би можело да биде поинаку доколку премиерката не се вратела од Јужна Кореја додека во земјата имаше епидемија во полн ек.

Како почнало

Премиерката била шокирана кога на аеродромот во Нов Зеланд не и била измерена температура и кога добила упатство да биде во самоизолација 14 дена.

Набрзо следело затворање на границите, а премиерката предложила пар мерки за борба против коронавирусот во кои последна мерка бил карантинот. Но по кратки консултации, владата вовела општ карантин. Новозеланѓаните се плашеле од ескалација која веќе се случувала во Шпанија и Италија, така што сите се согласиле на карантин, кој според нив, секако требало да се случи, порано или подоцна.

Однесувајте се како сите да сте зарзени

На граѓаните им било соопштено дека имаат 48 часа да се подготват и дека треба да останат дома, доколку не работат во здравство, полиција, или не мораат да одат во продавница. Дозволена е рекреација, но само во близина на домовите и на дистанца. Неколку часа пред почетокот на карантинот на сите граѓани им стигнала СМС порака со содржина “Однесувајте се како да имате КОВИД-19, тоа ќе спаси животи”.

Па така, бројот на новозаразени опаѓа од ден на ден, а нема ниту локален пренос на болеста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi