НОВАТА ДЕВОЈКА НА БРЕД ПИТ! Има 27 години,дете и се бори со ајкули

27 август, 2020
bred-pit-5-830x0

Убавицата живее помеѓу  Лос Анџелес и Берлин, а има и син, Емил, кого го обожава

Бред Пит (56) уште еднаш ги разниша соништата на многу жени ширум светот, кога беше фотографиран на аеродромот во Франција, во среда, 25 август, со својата нова девојка, прва официјална по распадот со Анџелина Џоли во 2016 година.

Станува збор за убавата Германка Никол Потуралски, која се занимава со манекенство.

Дека е убава е факт, но убавината не е единствениот адут на оваа девојка.

Која всушност е Никол Потуралски?

Родена е во Германија, има 27 години, а на веб-страницата на агенцијата за која работи, „А Менаџмент“, таа е претставена под името Нико Мери. Таа е природна бринета, има сини очи, е висока  178 сантиметри.

Таа сакаше да биде морски биолог, пред да биде забележана од еден од ловците на модели во Дизниленд, Париз, на 13-годишна возраст.

Убавицата живее помеѓу Лос Анџелес и Берлин, а има и син, Емил, кого го обожава.

Никол зборува пет јазици, а таа основаше организација за да им помогне на ајкулите.

На прашањето каква суперсила би сакала да има, таа рече:

– Да патувам низ времето, за да можам да ги посетам сите одлични историски настани, вклучително и иднината.

Потсетуваме, според светските медиуми, Бред  ја одвел Никол во „Шато Миравал“, имот што го купил во 2011 година за 67 милиони долари со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

escort - Korsan taksi