Ново предупредување од лекарите: Луѓето кои го прележале коронавирусот се на ризик од ова нарушување

5 јули, 20200
novi

Пациентите кои го прележале коронавирусот, а имале посериозна форма на болеста, треба да бидат прегледани од страна на лекар за да се утврди дека не страдаат од посттрауматски стрес, предупреди група на лекари, а соопштува Independent.

Луѓето на кои им била потребна интензивна нега или болничко лекување се особено изложени на ризик од оштетено ментално здравје поради психолошката траума во борбата против инфекцијата, предупредуваат лекарите.

Работната група за одговор на Ковид траума, предводена од Универзитетот во Лондон, вели дека десетици илјади луѓе кои биле хоспитализирани поради коронавирус треба да проверат дали имаат знаци на посттрауматски стрес.

Посттрауматскиот стрес вклучува симптоми како што се флешбекови, кошмари, избегнување на мисли и чувства поврзани со трауматското искуство, негативни промени во мислите и расположението и постојано чувство дека се на ивица и исплашени.

Истражувањето наведува дека некои пациенти кои биле ослободени од интензивна нега, чувствувале паника кога излегувале сами или се чувствувале бесно што не биле во можност да се вратат во нормала.

Група лекари посочиле дека 30 проценти од пациентите кои поминале низ тешки болести во претходните епидемии развиле посттрауматски стрес.

  • „Ние сме во најтешката глобална криза во жива меморија, што претставува закана, не само за физичкото здравје, туку и за менталното здравје“ – изјавија лекарите. – „Повеќето луѓе ќе се справат со траумата и ќе закрепнат, но има и такви на кои тоа нема да им оди лесно. Загрижени сме што социјалните мерки спроведени за намалување на ширењето на Ковид-19 ќе ги нарушат нормалните одбранбени механизми на многу луѓе“, додаваат тие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi