ОБЈАВЕНА ЛИСТА НА НАЈСКАПИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ! НА КОЕ МЕСТО Е СКОПЈЕ?

11 јуни, 20200
gradovi

Литро млеко во продавница е 3 евра, килограм портокали е 4 евра, банани 5 евра, кутија увозни цигари дури 30 евра! Капучино во кафуле е речиси 5 евра.

Ова не се цени во некој луксузен ресорт на Хаваи, туку во градот Ашгабат во Туркменистан. Од него на светско ниво поскап е само Хонг Конг. За формирање на овие мерења земени се параметри како флуктурација во вредност на валутите, инфлацијата на цената на производите и услугите, нестабилноста во цените на сместување., потоа цената на јавниот превоз, прехраната, облеката, домашните производи, забавата.

Во рангирање на вредностите се користи Њујорк со чии цени на недвижности се споредуваат сите останати градови. Споредбата е правена со повеќе од 400 градови, а во рангирањето се вклучени 209. Според рангирањето на американските градови може да се види дека најмногу зависи каде е сместен одреден град. Силниот долар ветувал дека американските градови ќе се искачат на ова рангирање. Сите валути чија вредност растела према доларот резултирала со повисоко рангирање на градовите од тие држави.

Затоа, не треба да биде чудно што меѓу десетте најскапи градови за живот дури шест се азиски, од кои два се кинески. А според оваа листа Хонг Конг е најскап град на светот за живеење што и не е некое претерано изненадување, бидејќи овој град ќе го најдете во првите пет, ако не и во првите три по било кое рангирање од овој вид.

Загреб е на 152 место, што е девет места пониско од минатата година. Белград е на 183, Љубљана е на 148, Сараево 197, Скопје е 202.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi