Откриено е колку време се задржува вирусот во воздух- доволно за да ве зарази!
Капките кои ги создаваат луѓето заразени со Ковид-19 во текот на разговорот можат да се задржат во воздухот осум минути и да предизвикаат инфекција, сметаат истражувачи од Институтот за здравје во Пенсилванија.
Научниците откриле дека кога заразеното лице зборува гласно една минута во ограничен простор може да создаде до 1000 капки од вирусот, а тие можат да опстанат во воздухот осум минути.
Истражувачите сметаат дека тоа е доволно време некој да се зарази.
За да ги потврдат наодите научниците извеле експеримент во кој симулирале затворена просторија, а потоа користеле ласер за да видат што се слулува со капките кога излегуваат од уста.
Се покажало дека големите капки се смалиле, додека делумно испариле и лебделе во воздухот, а во реалниот живот истите може да ги вдиши некое лице и на тој начин да се зарази.