“Ова не е само обичен список. Тие се едни од нас”: Њујорк Тајмс на насловната страна објави имиња на починати од коронавирус во Америка

24 мај, 20200
њујорк

Њујорк Тајмс на својата денешна насловна страна објавил имиња на 1000 жртви од коронавирусот во Америка. На овој начин еден од најугледните дневни весници им оддал почит на жртвите, кои достигнаа и до 100 илјади.

Покрај името на починатите наведени се и годината на раѓање, местото од каде се, како и кратка биографија.

Со тоа сакале да го докажат човечкиот и индивидуален аспект на смртноста од Ковид-19.

Во изминативе недели 11 американски сојузни држави пријавиле рекорден број на нови случаи на заразени, вклучувајќи ги Алабама, Арканзас, Минесота, Северна Дакота, Њу Хемпшир, Мериленд, Мејн, Невада, Јута, Вирџинија и Висконсин.

САД е на прво место по број на заразени и починати од последиците од коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi