Полицијата го задави со „ЌЕСА“ на сред улица: Се појавија снимки од уште едно убиство на црнец во САД (ВИДЕО)

3 септември, 2020
SAD-ubistvo-policija

Даниел Пруд претрпе мозочна смрт по инцидентот во Рочестер на 23 март

Протести избувнаа во државата Њу Јорк откако беше објавено видео во кое се открива како 41-годишен црнец со лисици починал од задушување во март годинава откако група полицајци му ставиле ќеса на главата, а потоа му го притиснале лицето на земја додека не престана да дише.

Даниел Пруд претрпе мозочна смрт по инцидентот во Рочестер на 23 март, за да почине на 30 март откако беше исклучен од апаратот.

Форензичарите заклучија дека убиството е предизвикано од „компликации на задушување во услови на физичко ограничување, делириум и акутна интоксикација со фенциклидин“.

Иако фаталниот инцидент се случи неколку недели пред Џорџ Флојд да почине во полициски притвор во Минесота во мај, смртта на Пруд не го доби вниманието на јавноста.

Сепак, тоа се смени во средата кога неговото семејство одржа прес-конференција за да открие вознемирувачка снимка од последните моменти на Пруд, заедно со пишани извештаи.

– Како сте го виделе човекот и не рековте: Тој е беспомошен, на земјата. Веќе му беа ставени лисици “. Уште колку браќа треба да умрат за општеството да разбере дека ова треба да престане – рече братот на Даниел Џо Шрид на прес-конференцијата.

Демонстрантите се собраа пред зградата на јавната безбедност во Рочестер во средата, барајќи вмешаните во убиство да бидат обвинети.

За време на протестот беа уапсени девет лица, повеќето за лошо однесување или отпор при апсење и едно за поттикнување немири. Еден активист е пренесен во болница на лекување од повредите здобиени при апсењето.