Пристигна добра вест од Русија: Започна производството на ПРВАТА ВАКЦИНА против Корона вирусот

15 август, 2020
vakcinaa

Министерството за здравство на Руската Федерација објави дека е започнато производството на вакцината против корона вирусот, која ја направи центарот „Гамалеј“.

Како што претходно најави рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, вакцината ќе се произведува на две места – во центарот „Гамалеја“ и во компанијата „Бинофарм“.

Да потсетиме дека Министерството за здравство на Русија во вторникот ја регистрираше првата вакцина во Светот за спречување на новата инфекција со коронавирусна инфекција Ковид-19, која ја изработи научниот институт „Гамалеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

По тој повод претседателот на Русија, Владимир Путин, се огласи и истакна дека вакцината ги поминала сите потребни тестови, како и дека формирала стабилен имунитет.