Професорот кој го истражувал корона вирусот е убиен во неговиот дом

7 мај, 20200
професор

Професор на универзитетот во Питсбург во САД е убиен со огнено оружје, објавија светските медиуми.

Професорот Бинг Лиу (37), наводно, бил на работ на „многу значајни откритија“ за корона вирусот. Неговото тело е пронајдено во неговата куќа во градот Рос.

Тој имал прострелни рани на главата, вратот, рамената и другите делови од телото.

Според американските медиуми, еден час по убиството, до куќата на професорот, во автомобил е пронајдено е уште едно мртво тело Полицијата се сомнева дека лицето кое било пронајдено мртво во возилото го убил професорот, а потоа се самоубил.

Полицијата соопшти дека двајцата најверојатно се познавале,а истрагата ќе го утврди мотивот за злосторството.

Членови на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург во Пенсилванија, САД, својот колега го опишаа како извонреден истражувач и ментор. Тие истакнаа дека Бинг бил на работ на многу значајни наоди за разбирање на мобилните механизми кои се наоѓаат во основата на САРС-КоВ-2 инфекцијата.

Тие ветија дека ќе ги завршат неговите истражувања и ќе му оддадат почит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *